Утрински Весник
Свет

„Џонсон и Џонсон“ очекува 2,5 милијарди долари од продажба на вакцини оваа година

„Џонсон и Џонсон“ очекува 2,5 милијарди долари од продажба на вакцини оваа година

Американскиот фармацевтски гигант „Џонсон и Џонсон“ ја зголеми годишната прогноза за профитот и потврди дека очекува приходи од 2,5 милијарди долари од продажба на вакцини против коронавирус оваа година.

Претходно годинава, „Џонсон и Џонсон“ се соочи со проблеми со производството на вакцини и беше принудена да уништи милиони дози, да ги одложи испораките и да го преполови своето целно годишно производство на 500 до 600 милиони дози.

Вакцина сега не е многу користена во Соединетите држави, иако некогаш беше прогласена за важна алатка во борбата против пандемијата во тешко достапните области, особено со оглед на фактот дека вакцинирањето се врши само со една доза.

„Џонсон и Џонсон“ ги зголеми приходите за 10,7 проценти во третиот квартал, на 23,3 милијарди долари.

 

Вкупниот приход се очекува да биде 94,1 милијарди до 94,6 милијарди долари оваа година, проценува J&J.

Можете да прочитате

Израелците забранија миса за Цветници – Амбасадорот на САД: Тешко е да се разбере

Нетанјаху: Наредив проширување на безбедносната зона во Либан

Хемиска фабрика погодена во јужен Израел, прогласен е „инцидент со опасни материјали“