Утрински Весник
Свет

Џонсон: Ако Путин беше жена немаше да ја нападне Украина

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ја нападнел Украина доколку бил жена и дека војната е „совршен пример за токсична мажественост“.

Во интервју за германските медиуми по самитот на Г7 во замокот Шлос Елмау, Џонсон изјави дека полот на рускиот претседател придонел за конфликтот во Источна Европа.

„ Да беше Путин жена, што очигледно не е, но ако беше, навистина не мислам дека ќе дојдеше до оваа луда, мачо војна и насилство“, изјави Џонсон за ЗДФ.

Тој додаде дека тоа е пример за токсична машкост.

„ Ако сакате пример за токсична машкост, тоа е она што тој го прави во Украина“, рече Џонсон.

Изјавите на британскиот премиер уследија по тридневниот самит на Г7 во Германија, на кој најбогатите земји во светот ветија дека ќе работат на тоа режимот на Путин да трпи уште поголеми политички и економски последици поради војната во Украина.

По самитот на Г-7, Џонсон замина во Мадрид на самитот на НАТО.

Можете да прочитате

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно

Екстремен студ на северот од Русија и Канада, затворени се училишта и градинки

Поплави во Шпанија, има мртви и исчезнати