Утрински Весник
Спорт

Џеси Марш во Лајпциг до 2023 година

Џеси Марш во Лајпциг до 2023 година

Фудбалскиот клуб РБ Лајпциг потврди дека екипата во сезоната 2021/2022 ќе ја предводи Џеси Марш. На официјалната страница, Лајпциг објавија, дека со Марш потпишале договор до јуни 2023 година.

Џеси Марш, во Лајпциг, ќе го замени Јулијан Нагелсман, кој од наредната сезона се сели во Баерн Минхен.

Марш, во Лајпциг доаѓа од сестринскиот Ред Бул Салцбург. Американецот, во сезоната 2018/2019 работеше во Лајпциг, како помошен тренер.

Во кариерата, Мар, работел во Монтреал и Њујорк Ред Бул.

> Џеси Марш во Лајпциг до 2023 година <

Можете да прочитате

Македонија ја победи репрезентацијата на Фарски Острови и обезбеди учество на Светското првенство во ракомет

(ВИДЕО) Македонската химна ечи во ,,Борис Трајковски” ракометарите во поход кон победа против Фарски острови

Адеми погоди Динамо Загреб слави нова шампионска титула