Утрински Весник
Магазин

Џенифер и Бред повторно снимаат заедно првпат по разводот

Џенифер и Бред повторно снимаат заедно првпат по разводот

Поранешната холивудска златна двојка – Бред Пит (56) и Џенифер Анистон (51) – ќе учествува во заеднички проект по цели 19 години. Најголемите обожаватели се сеќаваат на моментот кога Пит се појави во хумористичната серија „Пријатели“ во 2001 година, а гледачите набргу ќе уживаат во уште едно нивно заедничко појавување.

Овој пат станува збор за виртуелниот настан Feelin ‘A live, поточно читање на сценариото на легендарниот тинејџерски филм од 1982 година „Брзи времиња во Риџмонт Хај“. Комичарот Дејн Кук собра некои од најголемите светски имиња во светот на актерството – Џими Кимел, Морган Фримен, Шија Лабуф, Метју Меконахи и Џулија Робертс.

Исто така, ќе се појави и легендарниот Шон Пен, кој и го прослави горенаведениот филм. Многубројни обожаватели со нетрпение го очекуваат фактот дека Џенифер и Бред повторно ќе се сретнат.

„Го чекав ова со години. Бред и Џенифер повторно заедно. Анџелина ќе направи хаос. Толку сум среќен, а и остатокот од екипата е одличен – се само некои од коментарите на „Твитер“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

“На Албанците им се наметнати границите, раздвојувајќи ги луѓето од иста нација и крв” – По бурните реакции повторно се огласи Бебе Раџа

И Дуа Липа во Косово – Со пријателите од Велика Британија “летаа” двоглав орел на фестивалот кој сама го организираше

Очекувајте светско шоу: Лени Кравиц со спектакуларен концерт викендов во Охрид