Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со услови за дожд и температура до 31 степен

Времето ќе биде облачно, со услови за дожд и град

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 28 степени.

Од четврток следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура. В четврток ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нубаја Гарсија и Питер Сомуа вечерва на „Џез вечерите“ на „Охридско лето“

Штерјова: Савески да постапи по кривичните пријави од СДСМ – одговорност за труењето во Гостивар и тепањето млади

Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид – Кичево, силна динамика на терен