Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Џенифер Анистон јаде едно парче чипс кога е под стрес

Џенифер Анистон јаде едно парче чипс кога е под стрес
300x250 opst2

Холивудската актерка Џенифер Анистон откри дека секогаш кога е под стрес доволно ѝ е да земе само едно компирче чипс.

Ѕвездата на „Морнинг шоу“ знае дека е досадно што има толку многу самоконтрола кога станува збор за нездрава храна, па дури и ако отвори вреќичка чипс за да ги олесни чувствата, таа сепак покажува воздржаност.

На прашањето што јаде кога е под стрес, таа рече: „Чипс. Крцка, крцка”. Запрашана да појасни дали мисли само на едно парче, таа потврди: „Обично да. Јас сум добра во тоа. Можам да изедам само еден од полна вреќичка. Знам, тоа е толку досадно”.

52-годишната sвезда секогаш пие умерено и никогаш не доаѓа во искушение од „егзотични“ коктели.

Говорејќи за нејзиниот омилен пијалок, таа за магазинот InStyle изјави: „Маргарита – чиста, без шеќер – или валкан мартини. Имам само два до три пијалоци највеќе, и не правам егзотични.“

Можете да прочитате

Денес посетете го чудотворниот камен во манастирот Свети Никита на Скопска Црна Гора

Меѓународното рели на олдтајмери „Бахус класик рели“ тргна од Скопје, во следните седум дена ќе поминат 1060 километри

Со џипови и мотори организирано на планината Кожуф