Утрински Весник
Магазин

Џенифер Анистон јаде едно парче чипс кога е под стрес

Џенифер Анистон јаде едно парче чипс кога е под стрес

Холивудската актерка Џенифер Анистон откри дека секогаш кога е под стрес доволно ѝ е да земе само едно компирче чипс.

Ѕвездата на „Морнинг шоу“ знае дека е досадно што има толку многу самоконтрола кога станува збор за нездрава храна, па дури и ако отвори вреќичка чипс за да ги олесни чувствата, таа сепак покажува воздржаност.

На прашањето што јаде кога е под стрес, таа рече: „Чипс. Крцка, крцка”. Запрашана да појасни дали мисли само на едно парче, таа потврди: „Обично да. Јас сум добра во тоа. Можам да изедам само еден од полна вреќичка. Знам, тоа е толку досадно”.

52-годишната sвезда секогаш пие умерено и никогаш не доаѓа во искушение од „егзотични“ коктели.

Говорејќи за нејзиниот омилен пијалок, таа за магазинот InStyle изјави: „Маргарита – чиста, без шеќер – или валкан мартини. Имам само два до три пијалоци највеќе, и не правам егзотични.“

Можете да прочитате

„Реплек“ ги јакне меѓународните партнерства и потенцијалот за раст на извозот

Читањето – одмор од секојдневниот стрес

ВИ агент на „Опен-АИ“ откако сфатил дека ќе биде деактивиран, започнал да бара начин како да продолжи со работа