Утрински Весник
Магазин

Џенифер Анистон и Рис Витерспун снимаат нови епизоди на „Утринско шоу“

Џенифер Анистон и Рис Витерспун снимаат нови епизоди на „Утринско шоу“

Тие се главни ривалки во „Утринско шоу“, популарна драмска серија во продукција на стриминг-сервисот Епл ТВ-плус

Актерскиот тим работеше со полна пареа во средата навечер во Лос Анџелес.  Џенифер Анистон (52) и Рис Витерспун (44) беа спремни за снимање сцени за хит-серијата.

Џенифер уште од „Пријатели“ е миленичка на публиката, а Рис во меѓувреме ја стигна и во успесите и во популарноста.

И двете изгледаат професионално и елегантно во мантили на куса пауза од снимањето.

 

Дејството во серијата ја следи екипата на популарна утринска програма на чело со Мич Кеслер (Стив Карел), кој останува без работа по скандалот во кој се нашол. Водителката Алекс Леви (Џенифер Анистон) се обидува да продолжи без него, но наидува на нетрпеливост од страна на шефот. Тогаш во игра влегува и репортерката Бредли Џексон (Рис Витерспун), која се обидува да ѝ го украде работното место.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

КОИ СЕ НАЈЛОШИТЕ ВОЗАЧИ ВО ЕВРОПА? Ново истражување за 2026 открива шокантни навики зад воланот

Ѓумбирот е една од најздравите билки, но може да биде опасен за оваа група луѓе

Хороскопски знаци кои трошат без многу размислување