Утрински Весник
Култура

Џез вечер на Клод Болинг со Toot Quartet во Салонот 19:19

300x250 (7)

На први јули во 19:19 часот во Салонот 19:19 ќе се одржи џез вечер на Клод Болинг со Toot Quartet.

Toot quartet концертираат од 2020 година и настапиле во Дом на култура Ѓорче Петров и Кисела Вода во Скопје, Кавадарци, Струмица и Неготино.

300x250 (7)

Toot Quartet: Стојанче Косовски-труба; Емилија Кабранова Филипова-пијано; Зоран Павлоски-контрабас; Филип Шурбевски-тапани

Клод Болинг роден на 10 април 1930 година, е француски џез пијанист, композитор, аранжер и повремено извeдувач.

Роден е во Кан, студирал на Конзерваториумот на Ница, а потоа во Париз. Детски генијалец, на 14 години професионално свири џез пијано.

Тој има големи заслуги за традиционалното заживување на џезот кон крајот на 1960-тите и се дружел со Оскар Петерсон. Пишува музика за 75 филмови, 44 музики за телевизиски серии, музика за биг бенд, 11 композиции во кросовер стил за пијано, флејта, виолончело, труба, виолина, гитара, саксофон кои се микс од популарна, џез, класична музика.

Текстот Џез вечер на Клод Болинг со Toot Quartet во Салонот 19:19 е превземен од МАКФАКС.

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“