Утрински Весник
Магазин

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил ја продаваат вилата во Холивуд

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил ја продаваат вилата во Холивуд

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил очигледно имаат свои причини за продажба на прекрасната вила на падините на Холивуд, сепак, на многумина не им е јасно зошто би се откажале од оваа луксузна убавина во шпански стил.

Цената е доста висока – 35 милиони долари, особено кога ќе се земе предвид дека пејачот ја купи во екот на својата слава со бендот N Sync во 2002 година за осум милиони долари.

Џастин  ја купи вилатa кратко време по раскинувањето со Бритни Спирс. Тој сега ја продава оваа архитектонска убавина како семеен човек, 19 години подоцна, за приближно 27 милиони долари повисока цена.

Но, фотографиите од овој луксуз во шпански стил покажуваат зошто е цената толку висока.

Импресивната вила во шпански стил, која се простира на приближно 1250 метри квадратни, се состои од гостинска единица и главна куќа – двокатница, која успешно ги комбинира рустикалните елементи со модерен дизајн.

Има седум спални соби и 13 бањи, додека гостинската куќа има две спални соби.

Можете да прочитате

По гребените на Шар планина и Кораб: Македонија има нова планинарска трансверзала број еден на Балканот

Lazarov Awards 2026: Признанија за најдобрите и нов почеток за едно семејство

Во полн ек се теренските истражувања на дивиот свет во Преспа