Утрински Весник
Магазин

Џастин и Хејли Бибер ја реновираа импресивната вила на Беверли Хилс

Џастин и Хејли Бибер ја реновираа импресивната вила на Беверли Хилс

Тие само што го завршија еднонеделниот одмор покрај плажа.

А сега Џастин и Хејли Бибер (27 и 25) имаат луксузна, преуредена куќа во која ќе уживаат по нивното враќање. Според „ТМЗ“, двојката ја обнови кујната и бањите во нивниот дом во Беверли Хилс, а исто така додале и базен.

Супермоделот Хејли и пејачот Џастин го купија домот во 2020 година за 25,8 милиони долари. Распространетата резиденција може да се пофали со седум спални соби, 10 бањи, тениско игралиште со целосна големина и езерце-рибник.

Имотот се протега на површина од 2,5 акри во Беверли Парк – ексклузивна населба од затворен тип во рамките на Беверли Хилс.

Сосед на двојката е Меџик Џонсон, а други сопственици на куќи во оваа населба се Софија Вергара, Дензел Вашингтон и Еди Марфи.

Можете да прочитате

Пет летни намирници од кои можат да се направат здрави оброци 

Најголемите филмски неуспеси на Холивуд во 2026 година

Филмови што ја одбележаа првата половина на 2026 година