Утрински Весник
Магазин

Џастин Бибер, „БТС“ меѓу големите победници на Ем-ти-ви наградите

Џастин Бибер, „БТС“ меѓу големите победници на Ем-ти-ви наградите

Раперот Лил Нас Икс и поп sвездата Џастин Бибер ги освоија главните награди на годишното шоу на доделување награди за видео и музика (MTV Video Music Awards) во неделата вечерта, на церемонија исполнета со ненајавени настапи, изведби во живо и илјадници фанови со маски за лице.

Младата Оливија Родриго и јужнокорејскиот поп бенд „БТС“ беа исто така меѓу главните победници на првата голема свеченост во Њујорк одржана со целосна публика од фанови и селебрити-личности од избувнувањето на пандемијата.

Канаѓанецот Бибер (27) се врати на сцената на VMA за првпат по шест години и ги зеде статуетките Moon Person за уметник на годината и најдобрa поп-песна за синглот Peaches.

Можете да прочитате

Пет летни намирници од кои можат да се направат здрави оброци 

Најголемите филмски неуспеси на Холивуд во 2026 година

Филмови што ја одбележаа првата половина на 2026 година