Утрински Весник
Свет

Џасинда Ардерн положи заклетва за втор мандат

Џасинда Ардерн положи заклетва за втор мандат

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, положи заклетва на англиски и маорски јазик на церемонија во Велингтон, три недели по победата на изборите.

Со многу солиден рекорд во борбата против епидемијата на коронавирус, Ардерн им ја понуди на лабуристите најголемата изборна победа од Втората светска војна.

Ардерн назначи членови на влада во која жените и членовите на маорската заедница се многу добро застапени.

Таа им се заблагодари на граѓаните за поддршката за новиот мандат да ја предводи владата и да ги забрзаат социјалните реформи во островската држава.

Ардерн (40) стана премиерка за прв пат по изборите во 2017 година, кога лабуристите склучија сојуз со уште две партии.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел ги прогласи либанските територии јужно од реката Захрани за воена зона

Трамп: Ниту една држава нема да ја контролира Ормуска Теснина

Русија: Ако Ерменија го продолжи патот кон ЕУ, Ереван ќе плаќа поскапи енергенси