Утрински Весник
Свет

Џаред Кушнер номиниран за Нобелова награда за мир

Џаред Кушнер номиниран за Нобелова награда за мир

Џаред Кушнер, советник и зет на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговиот заменик Ави Берковиќ се номинирани за Нобеловата награда за мир, за учеството во преговорите за нормализирање на односите меѓу Израел и арапските земји.

Контроверзните разговори, чии детали беа објавени во средината на август и средината на декември, беа поздравени од некои политичари блиски до тогашниот претседател, а некои дури ги нарекоа „историски чекор“ во блискоисточната дипломатија.

Од друга страна, Палестинците, но и мнозинството од арапскиот свет ги отфрлија овие преговори, нарекувајќи ги катастрофални и предавнички за Палестинците. Многу од нив на овие преговори одговорија со протести низ окупираните делови на Палестина, но и во некои земји од арапскиот свет.

Американскиот адвокат Алан Дершовиц, близок соработник на Трамп, кој го номинираше дуото, на својот профил на Твитер објави дека тој, како професор по право на Харвард, има право да номинира луѓе за наградата.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

Јапонската вселенска агенција го изведе првиот пробен лет на ракета за повеќекратна употреба

Извор за иранските медиуми изјавил дека нема да има преговори додека САД не се повлечат од своите ставови