Утрински Весник
Македонија

Ќучук: Преговорите на Северна Македонија со ЕУ ќе започнат по завршување на скринингот

Процесот на преговори меѓу ЕУ и Република Северна Македонија се уште не е започнат, бидејќи се чека да заврши скринингот, кој ќе потрае извесно време. Од бугарското искуство знаеме дека тоа трае од година и половина до две години и мора да се дадат оценките за тој скрининг, вели бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава Илхан Ќучук за софиската телевизија БТВ.

dobivaj vesti na viber

-Францускиот предлог дојде од ЕУ, беше прифатен со консензус од земјите-членки на Унијата, но наиде на политичка поддршка и во Бугарија и во Северна Македонија. Отсега мораме да ги бараме опциите, ги има многу. Постигнатиот компромис треба да го гледаме како можност за подобрување на односите меѓу Софија и Скопје, напиша тој на Фејсбук.

Ќучук додава дека Бугарија сака да биде партнер во добрососедските односи со сите земји од Западен Балкан, а минатото треба да служи за пример за подобра иднина, а не да биде причина за раздор.

Можете да прочитате

Успешна е денталната операција – транспозиција на нерв, извадена од врвен хируршки тим

Пендаровски: Знам кој се плаши ветинг

За еден ден казнети 55 возачи на мотоцикли