Утрински Весник
Македонија

Ќе се формира солидарен Ковид 19 фонд

Владата му препорача на ЈО приоритетно да постапува по предметите во врска со одлуките и мерките за спречување на коронавирусот

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Владата донесе одлука да се формира солидарен Ковид 19 фонд, како посебна наменска сметка за примање донации од правни и физички лица кои ќе донираат средства, а ќе се користат за помош при справување со коронавирусот.

Одлуката за формирање на фондот е дел од новиот втор сет економски мерки за помош поради кризата со коронавирусот што ги објави денеска премиерот Оливер Спасовски со владиноот економски тим.

Спасовски  повика во фондот да донираат сите правни и физички лица на кои оваа држава им овозможила да создаваат профит.

– Сега е моментот да се солидаризираме, порача премиерот Спасовски. лв/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание