Утрински Весник
Македонија

Ќе се реконструира влезот и пристапните улици до болницата „8 Септември“ во Скопје

Ќе се реконструира влезот и пристапните улици до болницата „8 Септември“ во Скопје

Одлуката за давање донација на ЈЗУ Градска општа болница „8 Септември” – Скопје е една од главните точки за која ќе се расправа на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Со оваа одлука се предлага Градот Скопје да даде донација што се состои во реконструкција на влезот и пристапните улици во ургентниот центар на болницата, на површина од 2.400 метри квадратни, а проценетата вредност на донацијата изнесува 2.356.100 денари без ДДВ.

„Оваа одлука е од исклучителна важност, бидејќи со истата се подобрува пристапноста до ЈЗУ Градска општа болница ‘8 Септември’ којашто уште од почетокот на пандемијата функционира како ковид центар“, велат од Град Скопје.

Можете да прочитате

Искра Хаџи Василева доби најмногу гласови за нова шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Неофицијално: Искра Хаџи Василева освои најмногу гласови за шеф на Обвинителството за организиран криминал

Ги врзувале, тепале и ограбувале за пари и злато: Нови детали за двете убиства во Скопје