Утрински Весник
Свет

Ќерките на Путин санкционирани и од Британија

Ќерките на Путин санкционирани и од Британија

Велика Британија денеска воведе санкции за ќерките на рускиот претседател Владимир Путин, по одлуката на САД.

Ќерките на Путин – Катарина Владимировна Тихонова и Марија Владимировна Воронцова се додадени на британската листа на санкционирани, објави Би-би-си.

„Нашиот пакет санкции без преседан ја таргетира елитата и членовите на нивните семејства додека ја нарушува руската економија во размери какви што Русија не видела од падот на Советскиот Сојуз“, изјави шефицата на британската дипломатија, Лиз Трас.

Британската влада воведе санкции и за ќерката на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров – Екатерина Сергеевна Винокурова.

Според соопштението на Форин офисот, британската влада се обидува дополнително да влијае на раскошниот живот на најтесниот круг на Кремљ, со воведување забрана за патување и замрзнување на имотот на ќерките на Путин и Лавров.

Можете да прочитате

По Белгија, и Австрија и Италија отворија истраги за „снајпер-туристите“ во опколеното Сараево

Маѓар: Правата на Унгарците во Украина се услов за преговорите со ЕУ

Германскиот канцелар бара реформа на евроинтеграциите: Западен Балкан да добие привилегиран статус и постепена интеграција