Утрински Весник
Свет

Њујорк воведе ковид-пасоши – во ресторан и театар можат само вакцинирани

Њујорк воведе ковид-пасоши – во ресторан и театар можат само вакцинирани

Во Њујорк нема да може да се влезе во ресторан, спортска сала и театар без потврда за вакцинација, изјави демократскиот градоначалник Бил де Бласио.

Градот стана првиот во САД што воведе ковид-пасош.

Мерката, наречена „Клуч за премин во Њујорк“, „ќе бара вакцинација на вработени и гости во ресторанот, корисници на спортска сала и посетители во затворени простории“, рече градоначалникот на конференцијата, додавајќи дека ќе биде потребна „барем една доза“ од вакцината.

„ Ако сте вакцинирани го имате клучот, можете да ја отворите вратата. Ако не сте, за жал нема да можете да учествувате во многу активности”, рече Де Бласио.

Тој додаде дека мерката ќе биде воведена на 16 август, и дека нејзината имплементација ќе биде контролирана од 13 септември.

Веќе две недели, градоначалникот Бил де Бласио и гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо, ги повикуваат владините претставници за вакцинација и препорачуваат носење маска поради зголемувањето на бројот на заразени со делта-сојот на коронавирус.

Можете да прочитате

Голема британска банка отпушта 5000 работнции, дел ќе бидат заменети со АИ

Германската армија предупредува на сериозна закана од руска саботажа

Судот во Франција досудува изненадувачки благи казни за обвинетите за немирите