Утрински Весник
Македонија

Љупчо Ѓурчиновски е нов командир на полициската станица „Центар“

Љупчо Ѓурчиновски е нов командир на полициската станица „Центар“

Советот на Општина Центар на вчерашната седница во конкуренција на три кандидати, го избра Љупчо Ѓурчиновски за нов командир на полициската станица од општа надлежност „Центар“.

Како што информираат општинските власти, кандидатите биле предложени од Министерството за внатрешни работи, а најдобриот меѓу нив, Љупчо Ѓурчиновски, е дипломец на Факултетот за безбедност и полицаец со стаж повеќе од 21 година.

Ѓурчиновски доаѓа на местото на досегашниот командир на ПС „Центар“, Милисав Милијевиќ, долгогодишен полициски службеник и последен командир на полициската станица во Центар.

За командир на полициска станица од општа надлежност, согласно со Законот за полиција, може да биде избрано лице кое покрај општите услови за засновање на работен однос во полицијата, треба да има завршено соодветно високо образование и да има работно искуство во полиција од најмалку 6 години.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Средба на Муцунски со вршителката на должноста амбасадор на САД, Никол Варнес

Цело МВР два дена е без здравствено осигурување

До 13 часот еден активен пожар, шест пожари се изгаснати