Утрински Весник
Магазин

„Јуниверзал мјузик“ ќе го менаџира музичкиот каталог на Елвис Присли

„Јуниверзал мјузик“ ќе го менаџира музичкиот каталог на Елвис Присли

„Јуниверзал мјузик“ го додава каталогот песни на кралот на рокенролот, Елвис Присли, вклучувајќи ги хитовите како Can’t Help Falling in Love и Jailhouse Rock, во рамки на издавачкиот договор со „Аутентик брендс груп“.

Финансиските услови на договорот не се откриени, иако Universal Music Publishing Group во вторникот соопшти дека ќе има приходи кога песните на Елвис ќе почнат да се користат во медиуми, филмови или телевизија.

Договорот доаѓа пред јунската премиера на биографскиот филм „Елвис“ на режисерот Баз Лурман, со Том Хенкс и Остин Батлер во главните улоги.

Правата на каталогот песни на Елвис моментално се во сопственост на Authentic Brands Group, чие портфолио вклучува познати брендови како Мерлин Монро и Мухамед Али.

Надалеку познат како најпродаваниот соло музички уметник на сите времиња, Присли има продадено повеќе од 500 милиони плочи и е посебен по тоа што повеќето негови песни стигнаа во топ-40 на Билборд.

Во 1973 година, Елвис влезе во историјата на телевизијата и забавата со неговиот концерт „Елвис: Алоха од Хаваи“ глобално прикажан преку сателит.

Tоа беше прв директен сателитски пренос на концерт во цел свет.

Можете да прочитате

Стефан Давидовски ја објави „Ќе станам пак“, песна за надежта, новите почетоци и вербата во себе

Француски научници тврдат дека создале нов облик на мраз со топлина од над 2.300 степени

Со три утрински навики до помал стрес во текот на денот