Утрински Весник
Спорт

Јувентус се во потрага по напаѓач

Јувентус се во потрага по напаѓач

Јувентус, во зимскиот преоден рок, ќе донесе уште еден напаѓач во тимот. Напаѓачот треба да биде алтернатива за Кристијано Роналдо и Алваро Мората.

Во Јувентус бараат играч кој нема да биде скап, а во исто време ќе може да одговори на предизвикот.

Прва опција на челниците на Јувентус е Фернандо Љоренте, кој во минатото беше играч на клубот, додека втората опција е играчот на Каљари, Лаонардо Паволети.

Желба на Јуве е и Оливие Жиру, меѓутоа во овој момент тој е премногу скап за „старата дама“.

> Јувентус се во потрага по напаѓач <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ четврти носител на УС Опен, можен е меч со Алкараз во полуфиналето

Турција и Италија најуспешни нации по вториот ден на Медитеранските игри

Италијанецот Алесио Окипинти победник на 39. Охридски пливачки маратон