Утрински Весник
Спорт

Јувентус и Челзи започнаа преговори за размена на Пјаниќ за Жоргињо

Пјаниќ: Никогаш не сум сакал да го напуштам Јувентус
Ss2

Лондон, 14 мај 2020 (МИА) – Јувентус и Челзи можат да разменат играчи. Според „Гардијан“, клубовите започнале преговори за размена на двајца играчи од средниот ред. Јувентус е подготвен да му го даде на Челзи, Миралам Пјаниќ во замена за Жоргињо.

Главниот тренер на Јувентус, Маурицио Сари, сака да го види играчот од средниот ред на тимот со кој работеше во Наполи и Челзи и е подготвен да го жртвува Пјаниќ за оваа цел.

Img 5587

Јувентус исто така е во преговори со Барселона и ПСЖ. Се известува дека спортскиот директор на францускиот клуб Леонардо е голем обожавател на Пјаниќ.

Сегашниот договор меѓу Пјаниќ и Јувентус истекува во 2023 година, сепак, како што забележува „Гардијан“, играчот не успеа да го убеди Сари дека неопходен во тимот.

Оваа сезона, 30-годишниот Пјаниќ, настапи на 22 натпревари од Серија А, постигна три гола и направи четири асистенции. зс/

 

 

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале

Олимпијакос ја „растури“ Барселона и се избори за мајсторка

Алкараз обвинет за местење натпревари