Утрински Весник
Спорт

Јувентус загубиле 113.7 милиони евра во првите шест месеци од 2020/21

Јувентус загубиле 113.7 милиони евра во првите шест месеци од 2020/21

Јувентус, според италијанскиот закон, ги објави финансиските извештаи за работата во првите шест месеци од сезоната 2020/21, потврдувајќи дека имаат загуба од 113.7 милиони евра, секако поради влијанието на корона вирусот и отсуството на навивачи на стадионот.

Бордот на директори на Јувентус под водство на претседателот Андреа Ањели го потврдија полугодишниот извештај и потврдија дека приходите биле 258.3 милиони евра, огромно намалување од 322.3 милиони евра во 2019/20. Трошоците пораснале на 263.4 милиони евра.

Јувентус прават проценка дека само поради корона вирусот, тимот загубил 50 милиони евра во овие шест месеци.

> Јувентус загубиле 113.7 милиони евра во првите шест месеци од 2020/21 <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ

Ајкула, заробена во крајбрежен парк во Јужна Кореја, не сака да си замине, стана вистинска туристичка сензација