Утрински Весник
Македонија

ЈКП „Пролетер“-Ресен продолжи со реализација на проектот „Помалку отпад-2“

ЈКП „Пролетер“-Ресен продолжи со реализација на проектот „Помалку отпад-2“

Ресен, 14 февруари 2020 (МИА)Јавното комунално претпријатие „Пролетер“ од Ресен продолжи со имплеметација на меѓународниот проект „Помалку отпад-2“ (Less Waste 2) насочен кон управување со органски отпад во домаќинствата во пограничниот дел со соседна Грција.

Според проектот, во Преспа треба да се користат градинарски отпад и трската од заштитеното подрачје со кое управува Општина Ресен, за производство на брикети и пелети.

-Во текот на оваа година очекуваме ЈКП „Пролетер“ да соберат поголеми колични отпад кои ќе се селектираат и пакуваат во картонска амбалажа. Активностите се одвиваат на депонијата „Алшареви Кошари“ на која има рециклажен центар, информираат од Општина Ресен.

Според анализите на тамошната локална самоуправа, вкупниот отпад собран од домаќинствата процентуално изнесува 50,59 насто, а 23,79 проценти се отпад e собран од стопанските субјекти, индустриски капацитети и други институции.

-ЈКП „Пролетер“ освен во градот, отпадот го собира и од 27 рурални населени места, односно  Стење, Шурленци, Покрвеник, Волкодери, Горно и Долно Перово, Дрмени, Царев Двор, Езерени, Козјак, Горна и Долна Бела Црква, Подмочани, Грнчари, Асамати, Крани, Арвати, Наколец, Штрбово, Брајчино, Љубојно, Долно Дупени, Болно, Коњско,Сопотско и Курбиново и Рајца, каде отпадот се изнесува од пластични канти од 120 литри. Во наредните години треба да се зголемат собраните количини на биоразградлив отпад за да се задоволи максималниот инсталиран капацитет на компостарата, посочуваат од Општина Ресен.

ЈКП „Пролетер“-Ресен во текот на оваа година ќе го прошири системот за управување со отпад на сите населени места, очекува поголема наплата, намалување на нелегалното одлагање и зголемување на процентот на рециклирање. мт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јакимовски: Јас ќе победам во вториот круг, Силјановска да дојде да дебатираме

Пендаровски: На 24 април заокружете број 1 за стабилност во следните уште пет години

Силјановска се сретна со Иванов