Утрински Весник
Спорт

„Ја подмладуваат репрезентацијата, па тогаш зошто се тука Меси и Агуеро?“

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Анхел Ди Марија е лут што не добил повик во репрезентацијата на Аргентина за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство. Играчот на ПСЖ полудел бидејќи му било кажано дека селекторот започнал со подмладувањето на репрезентацијата.

„Доколу реално ги гледате работите тогаш ќе се прашате па зошто тогаш тука е Меси? Зошто се тука Агуеро и Отаменди? Доколку се работи за смена на генерациите тогаш и тие не траб да бидат тука. Имам 32 години и се уште можам да играм на високо ниво, исто како Нејмар и Мбапе“, рекол Ди Марија.

„Не можам да разберам зошто не сум повикан. Никогаш не добив вистинско објаснување, се чини дека не ме сакаат повеќе. Едноставно повеќе не можам да моччам“, завршил Ди Марија кој денес дозна дека е суспендиран на четири натпревари бидејќи на дербито со Марсеј плукна еден противнички фудбалер.

> „Ја подмладуваат репрезентацијата, па тогаш зошто се тука Меси и Агуеро?“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мундијалската турнеја на Инфантино: Над 50.000 километри со приватен авион за 24 натпревари

Вечерва три средби од нокаут фазата на Мундијалот

Зеленортските острови испишаа историја и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот