Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Јапонски медиуми: Украина бара од јапонската влада сателитски снимки за позициите на руската армија

Јапонски медиуми: Украина бара од јапонската влада сателитски снимки за позициите на руската армија
300x250 opst2

Украина бара од Јапонија висококвалитетни сателитски снимки за да и помогнат да се одбрани од руската армија, објави денеска јапонскиот весник „Никеи“.

Според извештајот на весникот, јапонската влада и приватните компании управуваат со сателити кои имаат можност да прават детални снимки дење и ноќе, како и да ги надминат другите пречки во атмосферата, пренесува Ројтерс.

Како одговор на ова барање, јапонската влада, според извори на јапонските медиуми, одговорила дека внимателно ќе размисли дали обезбедувањето на такви податоци за Украина е политички прифатливо или дозволено според сегашната правна рамка.

Можете да прочитате

Јужноафриканскиот амбасадор во Франција пронајден мртов пред хотел во Париз

(Видео) Ураган ја поплави Ибица: Водата однесе автомобили, луѓето заробени во куќите

Трамп: Хамас има три или четири дена да одговори на понудата за мир во Газа