Утрински Весник
Свет

Јапонскиот премиер се извини за луксузните вечери приредувани од неговиот син

Јапонскиот премиер фатен како ги прекршува мерките за Ковид-19

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга денеска се извини по оставката на главната портпаролка, која заедно со други високи државни функционери беше мета на критики поради присуството на скапи вечери подготвени и платени од синот на Суга.

Макико Јамада, секретарка за односи со јавностa во кабинетот, си поднесе оставка од болницата каде што беше примена поради инфекција, објави владата, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Администрацијата на Суга и 60-годишната портпаролка се соочија со јавни критики откако списанието „Шукан Буншун“ минатиот месец објави дека најстариот син на Суга, Сеиго, извршен директор на компанија што произведува сателитски телевизиски програми за радиодифузери, плаќала скапи вечери за влијателни државни функционери.

Јапонскиот национален закон за етика на државните служби забранува владини службеници да прифаќаат подароци и да се забавуваат на сметка на компании или поединци кои даваат услуги.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Парамаунт ја тужи управата на Ворнер Брос за да го блокира спојувањето со Нетфликс

Зеленски бара финализирање на документот за безбедносни гаранции од САД

Во Франција почна регрутацијата за новововедениот воен рок