Утрински Весник
Магазин

Јапонската принцеза Мако сепак ќе се омажи за својот свршеник

Јапонската принцеза Мако сепак ќе се омажи за својот свршеник
Dik 300x250 mk

Сите сакаме нашите родители да нè поддржуваат во нашите одлуки, особено кога станува збор за работи поврзани со љубовта. И, иако е убаво да го добиете семејниот печат на одобрување, тој носи прилично поголема тежина во традиционална институција како што е монархијата.

На јапонската принцеза Мако, внука на јапонскиот император Нарухито – сегашен монарх во земјата – без сомнение ќе ѝ олесни што нејзиниот татко, принцот престолонаследник Фумихито, официјално изјави дека ги одобрува плановите на својата ќерка да се омажи.

Коментарот доаѓа по свршувачката која се одолговлече речиси две години откако принцезата Мако требаше да стапи во брак со нејзиното момче Кеи Комуро.

„Кјодо њуз“ известува дека венчавката била одложена поради наводен судски спор за пари во кој била вклучена мајката на Комуро. Сепак, на прес-конференцијата одржана во Токио пред неговиот 55-ти роденден во понеделникот, престолонаследникот Фумихито изјави: „Одобрувам да стапат во брак“.

Ваквата изјава доаѓа откако 29-годишната принцеза издаде соопштение минатиот месец, во кое ја нагласи својата решеност да се омажи за Комуро.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Фатен сом долг 3 метри и тежок 120 килограми во Шпанија

Синот на Тони Михајловски за борбата со зависноста: „Не можев да се замислам без да дувам и да пијам“

Денеска се празнува Светиот апостол Јаков