Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Амандманите што ги спомена Митрески не се поднесени од нашите пратеници

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ на власт не може да има добар и квалитетен живот
300x250 (7)

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со поднесените амандмани на Предлогот за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Собранието што денеска ги презентираше Јован Митрески од СДСМ, вели дека тие не се поднесени од нивните пратеници.

„Нашите амандмани кои што се поднесени претставуваат реакција на она што власта го прави и демонстрира во Собранието. Овие амандмани се наш одговор на нивното непочитување на опозицијата, неуставноста, избегнувањето на дијалогот и пронаоѓањето на консензус во врска со ова законско решение за измена на Деловникот. Оттука, ние како пратеници ги прашуваме колегите од СДСМ, дали е штетно, неодговорно и несериозно нивното однесување кога во текот на вчерашниот ден, на Комисијата за финансирање и буџет, го одбија нашиот амандман за бесплатно тестирање за Ковид на сите граѓани на Република Македонија? Ова е класичен доказ кој работи против интересите и на штета на здравјето на граѓаните, а кој искрено се грижи и бори за нив во овие тешки мигови“, изјави Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Ss1

Митрески претходно денеска на прес-конференција приложи неколку амандмани доставени од опозициските партии, а кои тврди дека се со цел блокдата на работата на Собранието. Во еден од нив, чијшто предлагач е Борислав Крмов од Левица се вели дека пратениците за време на Велигденските празници на онлај седница треба да имаат бојадисано јајце пред камера.  Во друг амандман, исто предложен од Борислав Крмов, што го спомена Митрески, се наведува дека пратениците не смеат да присуствуваат на седница во облека со обележја на автомеханичарски салони.

 

 

 

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Мицкоски и ДПМНЕ играат опасна игра која ќе стави крај на европската, но и демократската перспектива на земјата

Скандалозна порака на владиката Петар: Внимавајте за кого ќе гласате

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски дома (фото)