Утрински Весник
Економија

Јапонија ја прошири листата на санкции против Русија

Министерството за надворешни работи на Јапонија денеска објави проширена листа на нови санкции кои претходно ги објави јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Санкциите, кои предвидуваат замрзнување на имотот, погодија повеќе од 130 лица, меѓу кои и рускиот премиер Михаил Мишустин, заменик-секретарот на Советот за безбедност Рашид Нургалиев и лидерите на самопрогласените ЛНР и ДНР, пренесе ТАСС.

Јапонија, исто така, воведе дополнителни извозни санкции и ја прошири листата на компании за кои верува дека се поврзани со одбранбената индустрија.

Можете да прочитате

UNCTAD: Критичните минерали ќе ја обликуваат идната економија, Иловица останува неискористен ресурс

Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб, велат од СДСМ

Левица: Ребаланс на Буџет – Влез на инвестиции или подготовка на терен за избори?!