Утрински Весник
Свет

Јапонија се затвора на еден месец за сите странски патници

Во Јапонија повеќе луѓе починале поради самоубиства отколку од Ковид-19

Јапонија одлучи да воведе привремена забрана за влез во земјата за граѓаните од сите земји и региони, освен за локалното население и странците со долгорочна виза со постојан престој во земјата, пренесува ТАСС.

Мерките ќе бидат на сила од 28 декември до крајот на јануари, а во соопштението на јапонската влада се наведува дека се воведуваат нови мерки поради откривањето на новиот вид на коронавирусот во неколку земји.

Укинати се и исклучоците за јапонските граѓани кои одат на кратки службени патувања. Досега од нив не се бараше да останат во карантин две недели по нивното враќање, но ова правило повторно ќе стапи на сила на 28 декември.

Сите граѓани на Јапонија кои ќе се вратат во својата татковина од земји каде што е потврден нов вид на коронавирус, ќе мора да покажат негативен тест не постар од три дена од моментот на пристигнување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Жена загина, а две лица се повредени во напад во училиште во Полска, уапсен е 15-годишен ученик

ФБИ уапси тинејџер кој планирал масовен напад во трговски центар во Минесота

СЗО: Нема целосна слика за случајот со можна смрт од чума во Русија