Утрински Весник
Свет

Јапонија има доволно вакцини против ковид и за трета доза

Јапонија има доволно вакцини против ковид и за трета доза

Јапонија има доволно вакцини против Ковид-19, кои може да се дадат како засилувачка доза, доколку се донесе одлука за имунизација со дополнителна трета доза на вакцина, изјави денеска премиерот Јошихиде Суга, откако објави продолжување на вонредната состојба во повеќе префектури.

Суга додаде дека околу 60 проценти од населението ќе биде целосно вакцинирано до крајот на септември, пренесува „Ројтерс“.

Јапонија допрва треба да го овозможи третиот круг на имунизација, а премиерот рече дека веќе постои потребниот број на залихи на дози на вакцини.

Можете да прочитате

Путин: Киевскиот режим ја отвори Пандорината кутија, ќе добие одговор

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон

Макрон најави засилена воена поддршка за Украина по рускиот напад врз Кривиј Рог