Утрински Весник
Свет

Јапонија го одобри стероидот дексаметазон за лекување на коронавирус

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Јапонското Министерство за здравство го одобри дексаметазонот, ефтин и релативно широко користен стероид, како втор лек против Ковид-19, откако едно испитување во Велика Британија покажа дека овој лек ја намалува стапката на смртност кај хоспитализираните пациенти.

Министерството го вклучи дексаметазонот како дополнителна опција за третман заедно со антивирусниот лек ремдесивир во најновата ревизија на прирачникот за третман на пацинети заболени со коронавирус.

Во резултатите од студијата, објавена во јуни, истражувачите во Велика Британија го идентификуваа дексаметазонот како прв лек кој ги спасува животите на пациентите со Ковид-19.

Меѓу оние што го произведуваат овој лек е и јапонската компанија Nichi-Iko Pharmaceutical Co.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски до лидерите во ЕУ: Војната ќе чини 155 милијарди евра, Ве молам најдете начин да ги обезбедите

ЕУ: Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и нема да ги укинеме санкциите кон Русија

Три деца и наставник убиени во напад на училиште во САД