Утрински Весник
Македонија

Обвинение против скопјанец кој со тупаници и клоци убил жена

Обвинение против скопјанец кој со тупаници и клоци убил жена

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против скопјанец за кривично дело – убиство.

Обвинетиот, на 10 мај во раните утрински часови, во куќа на улицата „Перо Наков“, извршил семејно насилство и со умисла убил жена со која живеел во заедничко домаќинство и со која имал блиски лични односи.

Тој со повеќе удари со раце и нозе во пределот на главата и по целото тело и нанел повеќе телесни повреди – хематоми и скршеници од кои кај неа се развил трауматски шок и настапила смрт.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци, надлежниот јавен обвинител на Судот му предложил да ја продолжи претходно определената мерка притвор за обвинетиот.​

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

СДСМ: Без табуа, со знаење – младите заслужуваат предмет каде ќе се учи на промоција на здравје, здравствени навики и сексуално образование

Пациентки на Онкологија останаа без терапија – Клиниката се извини за доцнењето на лекот

Костадинов по кривичната пријава: Сите мои одлуки се законски, имам докази за тоа