Утрински Весник
Македонија

Јавна дискусија во Владата по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Состанок на Акциската група за координација на институциите за борба против дезинформации и напади на демократијата
Screenshot

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Во организација на премиерот Оливер Спасовски денеска во Владата ќе се одржи јавна дискусија за промовирање и подигање на свеста за мајчиниот јазик и културната разноликост по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

-Јавната дискусија, во која ќе учествуваат и заменикот на претседателот во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците  Илхан Рахман, и директорот на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Северна Македонија Илбер Села, е во рамките на подготовките за донесувањето на Програма за покренување на јавната свест за примена на Законот за употреба на јазиците, соопшти владината прес-служба.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Во работниот дел на дискусијата се поканети да учествуваат и гости од општествената и академската заедница од земјата и од странство, како и претставници на граѓански организации. хс/са/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Турски министер за транспорт: Хеликоптерот со кој се превезувал Раиси немал или не вклучил систем за сигнализација

Милошоски: Во моментот имаме 61 пратеник и продолжуваме со преговорите со ВРЕДИ, на ДУИ и Ахмети им е изгубен компасот, време им е за опозиција 

Уапсен судија од Врховниот суд – фатен со мито од 10.000 евра