Утрински Весник
Свет

Ѓукановиќ: Агресијата против Украина ги зголемува надежите за проширување на ЕУ

Ѓукановиќ: Агресијата против Украина ги зголемува надежите за проширување на ЕУ

Европското единство разбудено од руската агресија против Украина ги зголемува надежите дека со дополнително внимание и поддршка, Европската унија ќе се сврти кон Западен Балкан и ќе продолжи со политиката на проширување, изјави денеска црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ, по разговорите со кипарскиот претседател, Никос Анастасијадес, за време на неговата прва посета на Подгорица.

Ѓукановиќ рече дека тоа е пат кон стабилност и европска конкурентност на глобалната сцена.

Тој истакна и дека официјалните посети ја зајакнуваат позицијата на Црна Гора.

„Охрабрувачки е што по оваа непријатна ситуација што сите ние во Европа ја чувствуваме преку руската агресија врз Украина, се разбуди европското единство. Ова поттикнува надеж дека со дополнително внимание и повеликодушна поддршка ЕУ ќе се сврти кон Западен Балкан и ќе продолжи со својата политика на проширување. Мислам дека тоа е пат кон стабилност и европска конкурентност на глобалната сцена“, рече Ѓукановиќ.

Поради руската агресија врз Украина, Европската унија ќе има нова политика во однос на Западен Балкан, смета и претседателот на Кипар, Никос Анастасијадес.

На заедничката прес-конференција со Ѓукановиќ, тој оцени дека Европа покажала голема обединетост по руската агресија.

Можете да прочитате

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп