Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ ќе ја брани титулата на „Ролан Гарос“

Ѓоковиќ ќе ја брани титулата на „Ролан Гарос“
Dik 300x250 mk

Новак Ѓоковиќ ќе може да настапи на турнирите во Франција, мастерсот во Монте Карло и гренд слемот во Париз. Владата на Франција објави дека од 14 март ќе ги унине ковид-пасошите.

Ѓоковиќ не е вакциниран поради што неговиот настап на овие турнири беше во прашање.

Монте Карло се игра од 9 до 17 април, а „Ролан Гарос“, каде што Ѓоковиќ е актуелен шампион, ќе почне на 22 мај.

Како сега стојат работите, и Вилблдон ќе биде отворен за сите тенисери бидејќи и Велика Британија планира да ги укине епидемиолошките мерки.

Засега е сигурно дека Ѓоковиќ нема да може да игра на територијата на САД. Во оваа земја им е забранет влезот на лицата што не се вакцинирани.

Тоа значи Ѓоковиќ нема да игра на мастерс-турнирите во Индијан Велс и Мајами.

> Ѓоковиќ ќе ја брани титулата на „Ролан Гарос“ <

Можете да прочитате

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа

Околу 150 турски фудбалски судии суспендирани поради обложување