Утрински Весник
Свет

(Видео) Од автомобил во движење снимено гранатирање на украински град

(Видео) Од автомобил во движење снимено гранатирање на украински град

Русија од воздух го нападнала градот Чернигов на северот од Украина и уби најмалку девет лица, а рани четворица, изјави гувернерот Вјачеслав Чаус.

Тој посочи дека во воздушниот напад биле погодени две училишта и приватни домови во Чернигов.

„Спасувачите работат на терен. Според податоците на Државната служба за вонредни состојби, досега загинале девет лица, а четворица се повредени“, изјави гувернерот.

„Киев Индипендент“ објави дека во блиската област има неколку училишта, градинки и болници, а не воена инфраструктура.

Можете да прочитате

Руски танкер со 40.000 тони дизел плови кон Њујорк по договорот меѓу Путин и Трамп

Путин: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа

Училиштата и продавниците се затворени во Тајван поради тајфунот Чампи