Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ ќе игра во Монте Карло

Ѓоковиќ ќе игра во Монте Карло

Новак Ѓоковиќ ќе игра на мастерсот во Монте Карло. Традиционално третиот мастерс во сезоната, по Индијан Велс и Мајами, ќе се игра од 10. до 17.април. Ѓоковиќ, сезонава одигра само еден турнир, во Дубаи минатиот месец.

„„Новак сезоната на земјана подлога ќе го отвори во Монте Карло, на мастерсот на кој победи во 2013 и 2015 година. Минатата сезона, Ѓоковиќ во Монте Карло испадна во третото коло од Даниел Еванс“, стои на официјалната интернет страница, на српскиот тенисер.

Информацијата дека Ѓоковиќ ќе игра на овој мастерс, во вторникот ја потврдија организаторите на турнирот. Тие исто така објавија дека специјални покани добиле Жо-Вилфред Цонга и Стен Вавринка.

> Ѓоковиќ ќе игра во Монте Карло <

Можете да прочитате

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења