Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ ја освои петтата титула во Дубаи

Ѓоковиќ против Циципас за трофејот во Дубаи

Дубаи, 29 февруари 2020 (МИА) – Новак Ѓоковиќ триумфираше на тенискиот турнир АТП 500 во Дубаи по победата над Стефанос Циципас.

Светскиот рекет број 1 победи со 6-3, 6-4 за 1 час и 17 минути игра. Ова е негова петта титула во Дубаи и прва од 2013 година. 32-годишниот Ѓоковиќ трипати направи брејк на сервис на Гркот и загуби само еднаш на негов.

На овој начин, Србинот покрај освојувањето на својата трета титула сезонава по АТП Купот со Србија и „Австралија опен“ по осми пат, поведе и во своето ривалство против Циципас.

Ова е трет успех за Новак, а Гркот има два.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ

Ајкула, заробена во крајбрежен парк во Јужна Кореја, не сака да си замине, стана вистинска туристичка сензација