Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ вели дека зборувал со неколку врвни тенисерки, вклучувајќи ја и Серена Вилијамс за паралелната асоцијација на играчи ПТПА, која ја организираше заедно со Васек Поспишил и со која се надева дека ќе примора повеќе влијание на тенисерите за начинот на кој се води спортот, и секако, поголем дел од профитот.
Ѓоковиќ и Поспишил ја формираа Асоцијацијата на професионални тенисери (ПТПА) минатиот август, а неодамна влегоа во конфликт со АТП турнејата, која инсистира дека нивниот Совет на играчи доволно ги застапува интересите на тенисерите. За разлика од северноамериканските спортови, тенисерите не се претставувани од синдикати, туку секој се смета како независен субјект.
„Сите почнувате да сфаќате дека тенисерите не се претставувани на начин на кој заслужуваат. Мислам дека многу тенисери го сфаќаат тоа и дека е потребно нешто повеќе од малкуте информации. Во 2021 тоа е неприфатливо. Има многу неадоволни тенисери“, вели Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ инсистира дека 70 отсто од тенисерите се на нивна страна, а потврди дека почнаа да разговараат и со тенисерките, почнувајќи со 23-кратната гренд слем шампионка, Серена Вилијамс.
„Веќе зборувавме во Париз за време на Ролан Гарос и планирам да зборувам повторно сега во Лондон заедно со нејзиниот сопруг, ко-основачот на ‘Редит’, Алекс Оханијан, кој е успешен бизнисмен и има некои идеи кои сака да ги сподели со нас“, објасни светскиот број 1.
АТП во војна со Ѓоковиќ: Ќе направиме сè да ги сопреме ПТПА
> Ѓоковиќ не е загрижен од заканите на АТП, разговарал и со Серена <