Утрински Весник
Македонија

Штипјанец позитивен на кронавирусот ја прекршил задолжителната самоизолација

Четиринаесет медицински лица од штипското Инфективно одделение превентивно во самоизолација
Dik 300x250 mk

Скопје,  10 април  2020 (МИА) – Штипјанец позитивен на Ковид 19 наместо во самоизолација излегол со возило и фрлал отпад во близина на Здравствениот дом во Штип. Јавен обвинител предлага казна од 2.000 евра.

Како што соопшти ЈО, поднесен е предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

-Обвинетиот на 24 март добил известување од вирусолошката лабораторија на ПЗУ Поликлиника „Жан Митрев“ дека неговиот резултат од испитувањето на COVID-19 е позитивен, при што му било издадено Решение со кое се одредува лекување и изолација во домашни услови. На 30 март тој не постапил по решението, го напуштил својот дом како место за самоизолација и со своето возило бил затекнат како фрла ќеси со отпад во близина на Здравствениот дом во Штип, информираат од Јавното обвинителство. бк/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Турција и Балканот: стабилност, а не закана 

Централно претседателство на ДУИ одлучи да има партиски конгрес до декември, не се разговорало за оставки

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори