Утрински Весник
Македонија

Штипски затвореник со хероин си влегол во затвор по викенд отсуство

Штипски затвореник со хероин си влегол во затвор по викенд отсуство

Затвореник внел хероин во штипскиот затвор, по неговото враќање од викенд отсуство.

„На 08.03.2022 во 11.05 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во кругот на фармата, која е во рамки на Затворот бил пронајден хероин, при што било констатирано дека бил внесен на 07.03.2022 околу 17.45 часот, од страна на осуденикот Д.И.(35) од Свети Николе, при негово враќање од викенд отсуство. Полициски службеници од СВР Штип извршиле увид на местото, а хероинот бил одземен за понатамошна постапка“, велат од МВР.

По комплетирање на случајот против Д.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

МВР распиша оглас за прием на 200 ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“

Невреме повторно се заканува: Попладне дожд, грмежи и град низ Македонија

Без нови рудници нема кој да ги замени старите