Утрински Весник
Економија

Штипските текстилни и кожарски фабрики ја почитуваат уредбата за забрана за работа

Штипските текстилни и кожарски фабрики ја почитуваат уредбата за забрана за работа

Штип, 5  јуни 2020 (МИА) – Штипските текстилни и кожарски фабрики денеска ја почитуваа забраната за работа во погоните, покажа увидот на инспекторите, активистите од НВО „Гласен Текстилец“ и на Општинскиот кризен штаб.

Во фабриката „Албатрос“ денеска брисеви им беа земени на околу 200 работници. Тие беа донесени со автобуси во кругот на фабриката и веднаш вратени дома.

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ вели дека направила увид и обиколка во круговите на штипските конфекции и од она што можела да го види е дека за првпат во историјата на Штип конфекциите не работат за еден продолжен карантински викенд.

Таа информира дека со уредбата вчера во попладневните часови е опфатена и компанијата „Адиент“ во ТИРЗ зоната. Таму работниците работеле втора и трета смена, а рано утринава машините се изгаснати и вработените ќе одмараат до понеделник.

– Уредбата за забрана на работа на штипските текстилни и кожарски фабрики се почитува, за останатите компании од другите дејности оваа уредба не важи. Сите оние коишто ќе ја прекршат уредбата ќе се соочат со санкции и кривична одговорност, вели Ампева.

Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје во Штип тестирањето ќе го продолжат утре во друга конфекција, каде што ќе се тестираат уште 230 работници. вдј/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“