Утрински Весник
Свет

Шри Ланка со чај ќе го исплати долгот кон Иран за нафтата

Шри Ланка со чај ќе го исплати долгот кон Иран за нафтата

Шри Ланка планира да го намири долгот за увезената нафта од Иран со месечни плаќања во чај, изјави денеска министерот за земјоделство на владата на Шри Ланка, Рамеш Патирана.

Тој потврди дека неговата влада има намера да испраќа чај во вредност од 5 милиони долари во Иран секој месец за да го отплати вкупниот долг за иранската нафта, кој изнесува 251 милион долари, пренесе Би-би-си.

Шри Ланка минува низ сериозна должничка и финансиска криза влошена со губењето на приходите од туризмот за време на пандемијата на коронавирусот.

Можете да прочитате

Топлотен бран беснее низ Европа: Црвен аларм во Британија

ОН почнуваат евакуација на бродови заглавени во Персискиот Залив

ОН: Израел намерно ги напаѓал децата во Појасот Газа