Утрински Весник
Свет

Шпионска афера – Бугарија протера двајца руски дипломати

Шпионска афера – Бугарија протера двајца руски дипломати

Бугарското Министерство за надворешни работи им даде 72 часа на двајца руски дипломати да ја напуштат земјата. Обвинети се дека биле вклучени во шпионажа во таа балканска земја од 2016 година, соопшти денеска Министерството.

Портпарол на Министерството за надворешни работи изјави дека ја известил руската амбасада во Софија, пренесе „Ројтерс“.

Претходно, обвинителите објавија дека двајцата дипломати барале доверливи информации за плановите за модернизација на армијата и одржување на воената опрема од 2016 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја

Ужас во Колумбија: Се урна воен авион, имало 110 војници!