Утрински Весник
Магазин

Прекрасна на 55 години! Брук Шилдс ги покажа своите тонирани нозе во костим за капење

Прекрасна на 55 години! Брук Шилдс ги покажа своите тонирани нозе во костим за капење

Брук Шилдс се чини дека е безвременска фатална жена која покрена бура со неколку провокативни фотографии на Инстаграм.

55-годишната фам-фатал сподели црно-бели фотографии, на кои изгледа заносно во едноделен темен костим за капење.

Фотографиите ги направи поранешната манекенка Хелена Кристенсен (51) , која се прослави како ангел на „Викторија сикрет“ во 90-тите години на минатиот век.

„Одлична пријателка и соработник од соништата “, напиша Брук во објавата, додавајќи: „Ти благодарам што веруваше во мојата визија и помогна да се реализира.“

Динамичното дуо се пријатели веќе некое време.

Брук, кој порано беше госпоѓа Андре Агаси, е во брак од 2001 година со сценаристот Крис Хенчи. Sвездата на The suddenly Susan и нејзиниот сопруг се горди родители на две ќерки, 17-годишната Роуан и 14-годишната Гриер.

Во меѓувреме, Хелена помина низ три разводи и имa 20-годишен син Мaнгус со нејзиниот втор поранешен сопруг Норман Ридс.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Над 1,2 милијарди луѓе го користат „Чет-ГПТ“ неделно

Студија: Дивите животни имаат клучна улога во регулирањето на климатските промени

Викенд што долго ќе се прераскажува: Повеќе од 60 жени беа дел од настанот „dm bring your best friend” во Маврово