Утрински Весник
Свет

Шпигел: Доверливи документи на Шолц фрлени во „ обично“ ѓубре

Германскиот канцелар Олаф Шолц и неговата сопруга Брита Ернст, министерка за образование на покраината Бранденбург, фрлиле доверливи документи во „обичното“ ѓубре на нивниот приватен стан, пишува неделникот „Шпигел“.

dobivaj vesti na viber

Така соседите наводно ги пронашле интерните документи од последниот Самит на Г7.

Дополнително, во корпата за отпадоци на канцеларската двојка биле пронајдени и страници од календарот на првиот човек на германската влада, печатени мејлови, па дури и нацрти за говор, пренесува медиумот.

Најнезгодниот документ што бил фрлен, без претходно да биде уништен, бил документот од Самитот на Г7, кој содржел кратки профили на партнерите.

Во еден од доверливите документи како што пренесува неделникот, за сопругата на италијанскиот премиер во заминување Марио Драги, Марија Серенела Капело, се вели дека ја избегнува јавноста.

Ваквите податоци, кои биле наменети за сопругата на канцеларот, биле вклучени во категоријата како „многу доверливи информации“, па затоа не треба да се носат дома, а камоли да се фрлаат во корпите за отпадоци без претходно да бидат уништени, наведува „Шпигел“.

Можете да прочитате

Европската комисија подготвува дополнителни ограничувања за издавање шенгенски визи на руски државјани

Австралија заплени рекордни 100.000 илегални егзотични лебарки

Драма на Меѓународната вселенска станица, санирано само едното истекување на воздух