Утрински Весник
Спорт

Шпанката Бадоса е првата тенисерка со коронавирус на Австралија опен

Шпанката Бадоса е првата тенисерка со коронавирус на Австралија опен
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шпанската тенисерка Паула Бадоса е првата натпреварувачка која во карантинот во Мелбурн пред почетокот на Австралија опен имала позитивен тест на Ковид 19.

Таа патувала со еден од оние спорни летови од Абу Даби на кои уште двајца патници покажале позитивни резултати на вирусот.

Бадоса на социјалните мрежи напишала дека не се чувствува добро, па морале да ја преселат во медицински хотел во Мелбурн.

„Имам лоши вести, денеска добив позитивен тест на коронавирус. Не се чувствувам добро, имам некои од симптомите, но ќе се обидам да се опоравам. Ви благодарам на поддршката, ќе се вратам уште посилна“ порача 23-годишната тенисерка кој моментно е 67-ма на ВТА листата.

Минатата сезона Бадоса стигна до осминафиналето на Ролан Гарос. Лани во Мелбурн натпреварувањето го заврши во второто коло, подобра од неа беше Петра Квитова.

> Шпанката Бадоса е првата тенисерка со коронавирус на Австралија опен <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мурињо може да го стопира трансферот на Отаменди во Барселона

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички